Градоначалникот на општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски заедно со новиот директор на ЈП Пелагонија – Кривогаштани Јане Чавкоски, извршија теренска посета на комуналните објекти во општината.
Посетена е пречистителната станица во Кривогаштани со цел утврдување на состојбата во која е затекната истата. Исто така посетено е и населеното место Крушеани каде сеуште трае завршната фаза од изградбата на канализационата мрежа.