Home / АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР / Агенција за катастар

Агенција за катастар

Имотен лист

За издавање имотен лист за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

 

  • барање во писмена форма;
  • aдминистративна такса во висина од 50 денари.

Образец ПП 50
Трезорска сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 84013903182
Приходна шифра: 722315   00
Уплатата може да се врши на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

Образец ПП 50
Трезорска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 7390140681   630  19
Приходна шифра: 725939   00

  • доказ за платен надоместок за услугата од 125 денари.

Уплатата  може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта.

 

Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат заради неможноста за проверка на уплатата во реално време. Агенцијата работи на имплементација на решение кое ќе го овозможи приемот и на ваков вид  уплата.

 

Дополнителни информации

 

Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и за да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.

Барање за издавање на податоци од Геодетско – Катастарскиот Информационен систем Download this file (BARAWE ZA IZDAVANJE NA PODATOCI.pdf)

 

About Krsteska Daniela