Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / Шаховски турнир во забрзан шах

Шаховски турнир во забрзан шах

♟️Општина Кривогаштани во соработка со Шаховскиот сојуз на Кривогаштани и интернационалниот мајстор и поранешен шампион на Македонија Тони Кироски организираше шаховски турнир во забрзан шах.

 

Во име на Општина Кривогаштани им честитам на сите рекордно пријавени 26 играчи, најдобри резултати и шампион во шах за оваа година е 🥇Милорад Здравкоски, по него следат🥈Александар Алјакоски и 🥉Благоја Колески.

✅За поздравување е настапот на Спасе Вртески како најстар учесник и Петар Каравилоски како најмладиот шахист на овај шаховски турнир.

 

♟️Преку овој шаховски турнир, Општина Кривогаштани ги поттикнува жителите да се дружат, да споделуваат знаења, да ја развиваат меморијата и мисловните вештини.

Шахот како спортска дисциплина овозможува подобрување на концентрацијата, математичките вештини и логичкото размислување.

 

✔️Општината обезбеди награди за четворицата првопласирани шахисти и во иднина ќе ги поддржува овие значајни шаховски активности.

 

➡️ Податоците за турнирот може да се погледаат на светскиот шаховски сајт: https://chess-results.com/tnr1111412.aspx?lan=21&art=1…

About Krsteska Daniela

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

x

Check Also

БАДНИКОВА ПОВОРКА 2025

БАДНИКОВА ПОВОРКА 2025 Не постои поголема радост од детскиот глас кој го ...