Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (2021-2026) им помага на единиците на локалните самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори, да обезбедат поголемо надворешно финансирање, да ја зголемат стапката на реализација на буџетот и да го унапредат извршувањето на децентрализираните надлежности.
Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
• Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина”
• Зголемен индекс на даночна транспарентност на Општина Кривогаштани за 2023‐2024 на 46%, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 17%,
• Зголемен индекс за буџетска транспарентност за 2023-2024 на 15 (од можни 16) индексни поени, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 7,
• Подобрена информираност за надлежностите на општината, преку кампањата “Општина на дланка”,
• Подобрена активната транспарентност која во 2024 година изнесува 73.9%1, во однос на 2023 кога изнесуваше 65.2% (од можни 100%),
• Подготвен и објавен Граѓански буџет за 2024,
Кривогаштани-Активности и резултати