Најнови вести
Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / Работна посета во Австрија за подобрување на социјалните услуги во Општина Кривогаштани!

Работна посета во Австрија за подобрување на социјалните услуги во Општина Кривогаштани!

Ја започнавме нашата работна недела во Република Австрија, заедно со претставници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, колеги градоначалници од повеќе општини од Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, како и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.
Посетата е дел од проектот TRANSACT: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.
Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата“ за првпат во нашата држава и во нашата Општина Кривогаштани. Целта на оваа услуга е да овозможиме медицинска нега за лица и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.
Во текот на посетата ќе оствариме средби со водечки организации и институции во Австрија кои обезбедуваат социјални и здравствени услуги. Преку размена на знаења и искуства, ќе ги проучиме успешните практики за нивна примена во нашата заедница.
Со оваа иницијатива, заедно со партнерите од Австрија, работиме на создавање иновативни решенија и подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги за сите наши граѓани.

About Krsteska Daniela

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

x

Check Also

Новогодишен базар

Во рамките на Новогодишната агенда со многу смеа, детски џагор и празнична ...