Home / Featured / ЗА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ЗА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Општина Кривогаштани се наоѓа во средината на југозападниот дел на Република Македонија, На исток и југ се граничи со Општина Прилеп, на север со Општина Долнени, на запад со Општина Крушево, а на југозапад со Општина Могила.
Одалеченоста на општината со главниот град Скопје е 145км. додека оддалеченоста до најблискиот аеродром кој се најдува во Охрид е 118 км.

Демографски карактеристики

uСпоред последниот официјален попис на населението и домаќинствата во Република Северна Македонија во 2021 година, на територијата на општина Кривогаштани живеат 5.167 жители, односно 55,17 жит/км². Од овој број 2.716 (52,6%) се мажи, додека 2.451 (47,4%) се жени. Во однос на пописот од 2022 година се забележува намалување на бројот на жители за 983 жители или 16%..

uВкупно работоспособно население (од 15+ години) според пописот во 2021 година изнесува 4440 од кои 2314 се мажи и 2126 се жени. Над 65 години вкупно се 1049 жители. Вкупно активно вработено население изнесува 2576 од кои 1561 се мажи и 1015 се жени, а додека активни невработени се 176 лица од кои 99 мажи и 77 жени.

uОваа демографска состојба, не е многу поволна за идниот развој на општината, бидејќи во наредните 15-20 години бројот на работоспособното население постепено ќе се намалува, а сличен тренд ќе бележи и младото население, додека бројот на старо население и понатаму ќе продолжи да расте.

uВо 2021 година, во Општина Кривогаштани се попишани 5717 ха вкупна расположлива површина на земјоделско земјиште, со висок процент на користење од 96,%.

uПовеќе од половина од земјиштето под ораници и бавчи, 4.555 ха, се користи за градинарски култури, додека дел од земјиштето се употребува за сеење на житни култури. Главна стопанска гранка во Општина Кривогаштани е земјоделството, особено производство на пиперки, тутун, кромид, компир.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ