Со сопствена механизација општината во секое време може да одговори на побарувањата на локалното население и на месните заедници што значително ќе го подигне квалитетот и ефикасноста во извршување на работните обврски а од друга страна ќе бидат остварени долгорочни заштеди во буџетот на општината.
Како што Ве информиравме во 2023 година, Од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку проектот ,,Подобрување на техничките капацитети на Општина Кривогаштани” за одржување на комунална инфраструктура се добиени 3.320.743 денари со што дополнителни 2.040.257 денари се кофинансирани од Општина Кривогаштани за набавка на ова специјализирано возило.