Градоначалникот на општина Кривогаштани заедно со дел од општинската администрација вчера одржаа отворена средба со жителите на населеното место Славеј.
Присутните имаа прилика да се информираат за начинот на отуѓување на општинското земјиште во атарот на населеното место како и тековни проблеми со кои се соочуваат жителите на Славеј.
Одржувањето на ваквиот вид на средби во општината има за цел да ја зголеми транспарентноста и информираноста на населението за спроведувањето на постапките како и носење на заеднички одлуки за идните чекори на општина Кривогаштани.