Градоначалникот на Општина Кривогаштани со дел од општинската администрација денес одржа јавна средба со жителите на населеното место Воѓани.
На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат жителите на населеното место Воѓани и нивно решавање.
Општина Кривогаштани има за цел заедничко решавање на проблемите на населението како и согледување на потребите на жителите преку непосреден пристап на општинските власти со луѓето во сите населени места во општината.