Се известуваат жителите на општина Кривогаштани дека после одржаниот состанок на кризниот штаб во врска со коронавирусот COVID – 19 донесени се следните заклучоци :
➡️1. Жителите да ги набават потребните прехрамбени и здравствени продукти во текот на работната недела до 16:00 часот, бидејќи за време на викендот во сила е полициска забрана за движење во траење од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник.
➡️2. Се препорачува до сите жители на општината без поголеми потреби да не излегуваат и да седат дома, доколку имаат потреба да излезат да носат заштитна опрема при излегувањето од дома во часовите во кои смеат да се движат.
➡️3. Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.
-Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ.
➡️4.Зелениот пазар во Среда ќе функционира по посебен режим на однапред утврдено прописно растојание на продавачите на прехрамбени продукти.
➡️5. Се забрануваат собири на јавни места и во локални продавници, подолго задржување во истите, сопственикот на продавницата е должен да ги опомени клиентите за предложените мерки и должноста да ги почитуваат истите се со цел спречување на несакани ситуации.
Со почит, Општина Кривогаштани