Home / Информации / ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ СО 60 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СМЕТ

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ СО 60 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СМЕТ

За краток временски период општина Кривогаштани успеа да реализира два проекти користејќи заем од Светска банка преку МСИП2 за решавање на дел од клучните проблеми на општината со кои значително се зголемува функционалноста и економичноста во работењето на институцијата како и на јавното претпријатие Пелагонија.

Поради успешно реализиран проект за инсталација на 395 ЛЕД улични светилки  во висина од 2.820.790 денари општината доби грант од светска банка во висина од 761.613 денари за набавка на 35 контејнери за собирање на отпад,за кои после изработената урбана ревизија се утврди истите да бидат поставени во населените места Кореница, Годивле, Подвис и Боротино со што се подобрува управувањето со отпадот во населените места и се зголемува опфатот на собирање на смет на ЈП Пелагонија.

Исто така покрај ова општината го реализира и вториот проект преку МСИП2 со заем од Светска банка во висина од 2.325.400 денари, за набавка на механизација за чистење на снег и собирање на отпад, за чија реализација општината доби грант во висина од 232.540 денари. Покрај овај грант општина Кривогаштани ќе се вклучи со сопствени средства од 299.935 денари  за набавка на дополнителни 25 контејнери кои ќе бидат распоредени во населеното место  Обршани.

 

x

Check Also

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Кривогаштани и Општина Лерин

Денес во просториите на општина Кривогаштани Градоначалникот Николче Мискоски и Градоначалникот на ...