Home / ГЛАСНИК / Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Кривогаштани за 2020 година

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Кривогаштани за 2020 година

Врз основа на  член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016  163/16, 90/2017, 64/2018 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кривогаштани распишува

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Кривогаштани за 2020 година
Сите заинтересирани физички и правни лица во текот на треањето на јавниот повик можат да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеја 2,3,4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Македонија бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/16, 90/2017, 64/2018 и 168/18).
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае 30 дена од 15.05.2020 г. до 13.06.2020 г.
Јавниот повик ќе биде објавен во еден дневен весник, на интернет страната на Општина Кривогаштани, www.krivogastani.com, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на Општина Кривогаштани.
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на одделението за  урбанизам и заштита  на животната средина на  Општина Кривогаштани  или во електронска форма преку  информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат предвидени  во Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Кривогаштани за 2020 година.
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

Бр. 09 -689 /1

13.05.2020 год.

Кривогаштани

Градоначалник на

Општина Кривогаштани
Рубинчо Шефтероски

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 3mW, (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се поставуваат на земјиште

Урбанистички проект Е1.13 КП бр.489-2 КО Врбјани Известување за дигиталено преклопување Потврда ...