Пополека привршуваат подготовките за дочекот на новата година која од доаѓањето на Тони Заткоски за градоначалник на општината веќе трета година организрано се прославува во центарот на Кривогаштани со познати музички ѕвезди од Македонската и Балканската естрада. Оваа година присутните ќе ги забавува пејачот Спасен Силјаноски и Браќата од групата Некст Тајм – Мартин и Стефан кои пред неколку години ја претставуваа Македонија на Евровизија. Пред тоа програмата ќе ја збогатат учениците од двете основни училишта во општината со свои точки. Оваа година општина Кривогаштани подготви изненадувања за присутните и најмладите а изведувачите ветуваат незаборавен дочек на новата година во Кривогаштани.