Home / Информации / ПРИЕМ НА ДЕЧИЊАТА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ПРИЕМ НА ДЕЧИЊАТА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Денес градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски традиционално како и секоја година беше домаќин на дечињата од вработените во локалната самоуправа, градинката Весело Штркче, територијалната противпожарна единица, дечињата од советниците и јавното комунално претпријатие Пелагонија од Кривогаштани, кои добија новогодишни пакетчиња и играчка во знак на благодарност за трудот што нивните родители го вложуваат за напредокот на општината. Исто така денес Дедо Мраз изненадно ги посети дел од дечињата од социјално загрозените семејства во општината и им поклони новогодишни пакетчиња со што и тие дечиња го почуватвуваа духот и радоста на новата година. Општина Кривогаштани безрезервно продолжува да вложува во својот напредок и својата иднина радувајќи ги најмалите жителчиња на општината.

DSCN8889DSCN8896DSCN8870 DSCN8861

About Krsteska Daniela

x

Check Also

На 31 Август Општина Кривогаштани го Организира “Фестивалот на пиперката”

🌶️Традицијата продолжува, и оваа година на 31 август Општина Кривогаштани го организира ...