Денес на повеќе улици низ општината се извршија санации на оштетените делови со бетон и тампон со што општината му овозможи непречено функционирање на своите жители. Општина Кривогаштани има своја стратегија според која се ориентира кон асфалтирање на улиците зато што со тоа се решава долгорочно проблемот на населнието, додека со тампонирањето улиците имаат краткорочна односно привремена трајност поради временските влијанија. Според тоа општина Кривогаштани досега успеа да асфалтира добар дел од проблематичните улици низ општината додека за краток рок ќе се асфалтираат улици во повеќе населние места за кои веќе се обезбедени финансиски средства. И понатаму ќе се продолжи со исцрпување на средства од сите расположливи извори со цел асфалтирање на што повеќе улици низ општината !