Home / Информации (page 10)

Информации

СРЕЌЕН 8-ми МАРТ

По повод денот на жената 8-ми март, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски присуствуваше на празничниот собир во клубот на пензионери во Кривогаштани каде им врачи цвеќе на присутните и им упати честитка по повод денешниот празник. Додека дечињата од детската градинка ,,ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ” во Кривогаштани и центарот за ран детски развој ,,ЈАГОТКА” од Обршани, приредија осмомартовски точки во кои ...

Read More »

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ОД 26.10.2017 ДО 19.02.2018

Извештај за исплатени обврски настанати до 26.10.2017

Read More »

ОБУКА: ВОВЕД ВО ОСНОВИ ПО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Почитувани, Здружението за едукација , информирање и советување ,, ИНФОРМИРАН КОРИСНИК” од Скопје  ќе одржи дводневна на тема: Вовед во основи по сметководство и финансиско сметководство која ќе се одржи на 3-ти и 4-ти март 2018 година (сабота и недела), од 10 до 13 часот. Во прилог:   АГЕНДА и КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Read More »

СЕ РЕАЛИЗИРААТ БАРАЊАТА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

После низата јавни трибини кои Градоначалникот на општината и директорот на ЈП Пелагонија ги одржаа со жителите на повеќето населени места, започнаа да се решаваат барањата и проблемите со кои се соочуваат жителите на Општина Кривогаштани. Извршени се неколку зафати за санација на канали за одводнување од атмосферските води како и расчистување на повеќе диви депонии во неколку населени места. ...

Read More »

СООПШТЕНИЕ

Во Петок 16.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и директорот на ЈП Пелагонија Јане Чавкоски ќе одржат  јавна трибина со жителите на населеното место Крушеани, започнувајќи од 18 часот во основното училиште во Крушеани. По тој повод се покануваат жителите на Крушеани да присуствуваат на јавната трибина каде ќе имаат можност да ги произнесат своите проблеми и идеи ...

Read More »

ОДРЖАНИ ЈАВНИ ТРИБИНИ ВО ВОЃАНИ И ГОДИВЛЕ

Градоначалникот на Општина Кривогаштани ги посети населените места Воѓани и Годивле каде на јавни трибини се сретна со жителите на двете населени места се со цел запознавање со проблемите на населението и заедничко решавање на истите.

Read More »

ЈАВНА ПОКАНА

Утре, Петок 02.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и директорот на ЈП Пелагонија Јане Чавкоски ќе одржат две јавни трибини со жителите на населеното место Воѓани, започнувајќи од 18 часот во спортското бифе во ценатарот на населеното место и средба со жителите на населеното место Годивле која е предвидено да започне во 16 часот во просториите на подрачното училиште ...

Read More »

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат жителите на Општина Кривогаштани кои се приклучени на водоснабдителната мрежа на ЈП Пелагонија дека поради оштетување на транспортната линија од страна на АД Водостопанство – Подружница Прилепско поле, при чистење на Канал Блато настаната е штета за чија санација се потребни неколку дена. ЈП Пелагонија ќе стори се што е во нивна моќ , најбрзо  да го стави на располагање водоснабителниот ...

Read More »

ОДРЖАНИ ПОВЕЌЕ ЈАВНИ ТРИБИНИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие Пелагонија – Јане Чавкоски, изминативе неколку дена одржаа повеќе јавни трибини низ населените места во општината чија цел беше да се слушнат потребите, проблемите на населението како и предлози за реализирање на конкретни идни проекти. Ваквите настани ќе прдолжат да се случуваат и понатаму во сите населени ...

Read More »

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ УТРЕ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ПАШИНО РУВЦИ И БЕЛА ЦРКВА

Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски продолжува со директните средби со жителите на сите населени места, утре  25.01 Четврток , со почеток во 14 часот ќе одржи средба со жителите на Пашино Рувци во просториите на основното училиште Јонче Смугрески во Обршани. Додека   два часа подоцна во 16 часот е закажана средбата со жителите на Бела Црква во подрачното училиште ...

Read More »