Во Петок 16.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и директорот на ЈП Пелагонија Јане Чавкоски ќе одржат јавна трибина со жителите на населеното место Крушеани, започнувајќи од 18 часот во основното училиште во Крушеани.
По тој повод се покануваат жителите на Крушеани да присуствуваат на јавната трибина каде ќе имаат можност да ги произнесат своите проблеми и идеи за своето населено место непосредно на локалните власти.