После низата јавни трибини кои Градоначалникот на општината и директорот на ЈП Пелагонија ги одржаа со жителите на повеќето населени места, започнаа да се решаваат барањата и проблемите со кои се соочуваат жителите на Општина Кривогаштани. Извршени се неколку зафати за санација на канали за одводнување од атмосферските води како и расчистување на повеќе диви депонии во неколку населени места.
Исто така во текот на оваа работна недела ќе продолжи трендот на одржување на јавни трибини, овојпат во населеното место Крушеани, чија цел е овозможување на непречени услови на функционирање на населението како и решавање на сите комунални и тековни проблеми со кои се соочуваат жителите на општината.