„Неделата на детето“ го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, исто така претставува можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности.
По повод светската недела на детето, денес најмалите ученици од Општина Кривогаштани со своите наставници ја посетија Општината и Градоначалникот, каде преку цртежи ги покажаа своите желби и идеи како тие го замислуваат своето училиште.