Заврши асфалтирањето на делот од улицата Љубе Грујоски во Пашино Рувци која изминатава недела го извршуваше Градежното претпријатие Јоска Транс од Демир Хисар.
Улицата е во должина од 450 метри со вкупна вредност од 2.150.000 денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој преку Пелагонискиот плански регион.