Екипата на Ресторан Милениум од Кичево е овогодинешниот шампион на Кривогаштанскиот турнир во мал фудбал одкако минимално со 1-0 ја совлада екипата на Бучин и со тоа ја понесе главната награда од 70.000 денари додека на екипата на бучин и припадна второто место со вредност од 30.000 денари. Во малото финале екипата на Теа Андреа ја совлада екипата на Центар со 2-1 и со тоа го освои третото место од 15.000 денари.
За најдобар играч на турнирот прогласен е Стрезовски Ѓорѓи од екипата на Бучин додека голманот на екипата на Ресторан Милениум Линди Спахиу е прогласен за најдобар голман на турнирот.
Градоначалникот на општина Кривогаштани заедно со градоначалниците на соседните општини Долнени и Крушево ги врачија наградите и признанијата на овогодинешните победници со што се заокружи уште една успешна реализација на традицијата во Кривогаштани.
Со надеж за што поуспешна и побогата организација следната година спортски Ве поздравуваме !