Традицијата продолжува, и оваа година на 31 август Општина Кривогаштани го организира ,,Фестивалот на пиперката”.
Веруваме дека оваа наша манифестација ќе расте од година во година, етаблирајќи се како манифестација од големо значење од аспект на прославување и промоција на нашето црвеното злато, убава музика, традиционална храна, дружење и секако забава.
Покрај промоцијата на локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонската естрада.
На фестивалот ќе настапат Евто Пупиновски, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Драган Темелков-Џони, Анета Наковска и Диџеј Дуле, додека како водител ќе настапи Ирена Спировска.
Не се заборавени и најмалите каде за нив подготвено е детска програма со магионичар, убава детска музика и едукативен дел.