Општина Кривогаштани и тимиот на ЈП Пелагонија задолжен за одржување на водоводната мрежа, извршија низа активности за санација на повеќе проблематични точки во неколку населени места во општината каде што жителите се соочува со проблеми на водоснабдителниот систем.
При интервенциите извршена е промена на дотраеното и оштетено доводно црево со ново, со што ќе се решат проблемите на жителите кои се соочуваа со проблеми со водата за пиење.