Советот на Општина Кривогаштани изминатава недела донесе одлука со која новоизградениот зелен пазар го додели на користење на ЈП Пелагонија од Кривогаштани. Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски го додели на стопанисување на Директорот на ЈП Пелагонија Јане Чавкоски, при што истиот беше пуштен во функција.