Деновиве привршуваат последните подготовки од адаптацијата на просторот во ОУ Јонче Смугрески во Обршани каде што ќе биде сместена новата детска градинка која ќе работи во склоп на градинката Весело Штркче од Кривогаштани за која во завршна фаза се процедурите за добивање целосна самостојност и седиште во општината.
Во ист временски период се одвиваат и градежни активности за адаптација на просторот за нов Центар за ран детски развој во подрачното училиште Јонче Смугрески во Бела Црква, каде во најбрзо време после завршувањето на сите постапки, ќе започне со работа уште една инсституција која ќе се грижи за младите и образованието на децата од предшколска возраст.
Со овие проекти општината значително ќе го подобрат квалитетот на образование, на децата кои досега ја немаа можноста да го започнуваат своето стекнување на знаења уште од најмали години во установи за предшколска возраст во нашата општина.