Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / Јавен повик за негователи за помош и нега на стари лица

Јавен повик за негователи за помош и нега на стари лица

Општина Кривогаштани во соработка со Здружение на Граѓани Центар за развој и едукација Прилеп, ја започнува реализацијата на Проектот за развој на социјални услуги за помош и нега во домот за подрачјето на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, поддржан од Министерството за труд и социјална политика.

 

За потребите на Проектот се објавува:

 

                                                         ЈАВЕН ПОВИК

 

за учество во обука за негуватели за помош и нега на стари лица

Ги повикуваме сите лица кои се заинтересирани да земат учество во бесплатната обука преку која ќе се стекнат со практично и теоретско знаење за квалитетно и успешно испорачување на услугата за помош и нега во домот да аплицираат во периодот од 06.02.2023 до 15.02.2023 година.

 

Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следниве критериуми и да ги достават следниве податоци:

– Да се државјани на Р.С.Македонија;

– Да имаат над 18 години;

– Да имаат завршено најмалку основно образование;

– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Центар за развој и едукација Прилеп;

 

По завршувањето на обуката да бидат подготвени за пружање на помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домашни условии и да бидат вклучени кај Давателот на услуга во период од 12 месеци.

Обуката ќе се изведува според верифицирана Програма за негуватели, со што кандидатите ќе се стекнат со верификуван и меѓународно признаен сертификат за Неговател на стари лица.

 

 

Повикот е отворен до 15 февруари 2023 година.

 

Сите лица кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 15.02.2023 година на следнава е-маил адреса cre.prilep@gmail.com

 

Пријавувањето исто така може да се изврши и во Архивата на Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку пополнување на образец Пријава за учество на обука, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот (контакт лице од општината Дејан Киселоски  тел. 078 308 964 )

 

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

 

x

Check Also

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Кривогаштани и Општина Лерин

Денес во просториите на општина Кривогаштани Градоначалникот Николче Мискоски и Градоначалникот на ...