Согласно Одлуката на Владата за проектот: “Подобрување на капацитетите за управување со отпад ” кој општината го доби преку Министерство за локална самоуправа -Биро за регионален развој во вредност од 4.904.434 ден, денес се изврши прием на 1000 канти за собирање отпад со тоа се комплетира целосната реализација на проектот односно набавени се 60 метални контењери за отпад , метални контењери со отвор за пластика 15 парчиња, метални контењери за отпад со отвор за хартија 15 парчиња и пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри-1000 парчиња.Со овај проект општината ќе го реши проблемот во сите населени места со собирање на отпад. Во наредниот период контењерите и кантите за отпад ќе бидат распределени во сите населени места.
Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / Реализација на проектот “Подобрувње на капацитетите за управување со отпад Daniela во Општина Кривогаштани