По повод Христовото раѓање – Божик, во Кривогаштани се одржа коледарската поворка со учество на дечињата од основните училишта. Имено, со Бадниковата поворка ja возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина, огромни групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“.
Општина Кривогаштани безрезервно ја поддржа оваа иницијатива и ги поздрави учесниците во поворката доделувајќи им пакетчиња со што им се заблагодари што оваа прекрасна традиција заживеа и во нашата општина.