Општина Кривогаштани заедно со ЈП Пелагонија Кривогаштани деновиве извршија чистење на јавните површини во централните селски подрачја во населените места Крушеани и Бела Црква кои се затекнати во лоша состојба поради израсната вегетација и расфрлани отпадоци.
Општина Кривогаштани и Јавното комунално претпријатие Пелагонија ќе ја спроведат акцијата и во останатите населени места од општината се со цел одржување на чиста и здрава животна средина. Овие акции исто така треба да послужат како апел до населението за подигнување на јавната свест за незагадување на животната средина.