На регионалниот натпревар Детски семафор 2017 кој се одржа во Прилеп, ученичката Емилија Ацеска од ООУ Манчу Матак – Кривогаштани, освои прво место со што веднаш се пласира во државниот натпревар кој се одржа во Скопје. Денес Градоначалникот Тони Заткоски заедно со Претседателот на Советот за безбедност на сообраќајот од Општина Кривогаштани Даниела Крстеска, за постигнатиот успех на ученичката и беше доделен велосипед и диплома за постигнатиот успех. Градоначалникот и посака и понатаму да учи и во иднина да носи вакви успеси на сите натпревари во кој ќе земе учество.
Home / Информации / Наградена ученичката Емилија Ацеска за постигнатиот успех на натпреварот Детски семафор 2017