Home / Информации / ОДРЖАНА ФОТО ИЗЛОЖБА И ПРЕДАВАЊЕ ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИ ТЕКОВИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ОДРЖАНА ФОТО ИЗЛОЖБА И ПРЕДАВАЊЕ ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИ ТЕКОВИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Во клубот на пензионери се одржа презентација на фото-изложба и предавање на тема: „Културното наследство и културно-историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“. Овој настан е во склоп на проектот на МЕНЕЛАЈ – Прилеп: „НАШЕ“, чии главни цели се актуализација на културното наследство, зголемување на интересот и подигнување на колективната свеста за неговиот значај, како основни превентивни мерки за негова заштита. Покрај примарните цели, проектот претендира да придонесе во збогатување на културниот живот во Општините каде ќе се имплементира, со што и збогатување и подигнување на животниот квалитет.

„Културното наследство и културно- историските текови на територијата на Општина Кривогаштани: Предисторија и Антика“ е првиот настан во рамките на проектот „НАШЕ“. Како што сугерира и самиот наслов, присутните ќе можат да се запознаат со културолошките текови на територијата на Општина Кривогаштани низ предисторијата и антиката, а рефлектирани на познатите истражувани и неистражувани наоѓалишта на територија на Општината. Предавачите ќе се обидат, во кратки црти, да им ја доближат археолошката работа на присутните и начините и методите на извлекување заклучоци за заедниците од минатото. Ќе се говори за почетоците на населбински организираното живеење на овие простори, првите земјоделски заедници и трагите кои тие ги оставиле на територијата на Општина Кривогаштани, но и оние од подоцнежните предисториски епохи. Со посебен акцент на истражувањата од минатата година, на локалитетот Кале – Локвени пак, ќе се направи скок во периодот на антиката. Овој локалитет го привлече вниманието на археолозите, но и јавноста воопшто, а на овој настан, присутните ќе можат да се запознаат со самиот локалитет и првичните резултати добиени од спроведените истражувања. Настанот ќе биде проследен со изложба на фотографии од истражувањата на локалитетот Кале – Локвени, но и артефакти од останатите локалитети од Општина Кривогаштани.

Настанот беше посетен од голем број на жители на општината кој што се интересираа за културното наследство.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...