Home / Информации / УЧЕСТВО НА ОПШТИНАТА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

УЧЕСТВО НА ОПШТИНАТА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Денеска започна третата Меѓународна конференција за климатски промени, на која свое учество зеде и Општина Кривогаштани заедно со Градоначалникот Тони Заткоски. Со цел намалување на штетните влијанија на климатските промени, во општината се реализираа три проекти и тоа: се изработи стратегија за климатски промени, промена на кровна конструкција и прозорци на општинската зграда, како и нова енергетски ефикасна фасада на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани.

12

Климатските промени се резултат на атмосферските модификации причинети од страна на хемиските трансформации под влијание на гасот со ефект на стаклена бавча, истакна денеска ректорот на ФОН Универзитетот Нано Ружин на „Третата меѓународна конференција за климатски промени“ која го означува завршетокот на Проектот за општински стратегии за климатски промени финансиран од УСАИД.

– Ефектот на стаклена бавча е присутен во атмосферата на планетата со илјадници години. Меѓутоа ефектот на стаклена бавча создадена со гасовите, оневозможува температурата од земјата да се ослободува кон атмосферата, појасни Ружин и рече дека токму модернизацијата, транспортот, индистријата… се најголеми виновници за ефектот стаклена градина.

Според него од климатските промени како што се сушите, поплавите, торнадата… последици ќе се чувствуваат и врз здравјето на луѓето, како што се респираторни болести, рак на кожата, мозочни удари…Одредени последици од климатските промени, рече Ружин, ќе трпи и земјоделството.

Националниот координатор за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање Теодора Грнчаровска Обрадовиќ информираше дека Македонија од 1998 година зема учество во глобалните напори за ублажување на климатските промени, реализирајќи ги своите обврски во согласност и со својот кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ.

Појасни дека Македонија го даде својот национален придонес кон глобалните напори за намалување на климатските промени и го потпиша Договорот од Париз кој е во предратификациска постапка.

Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн во своето обраќање рече дека Проектот за општинските стратегии за климатски промени имплементираше пилот проекти во општините низ Македонија со што се помогна во инвестирањето во нивниот одржлив развој.

– Овие проекти помогнаа за намалување на ризиците од поплави, превенирање свлечишта, олеснување на пристапот кон чиста и безбедна вода за пиење, зголемување на инвестирањето во енергетска ефикасност, намалување на јаглеродниот отпечаток и подобрување со водните ресурси, истакна Стејн.

Во текот на Конференцијата во наредниве три дена ќе бидат објавени резултатите од примената на партиципативниот метод „Зелена агенда“ за развојот на десет локални општински стратегии за климатски промени, како и ќе се промовира неговата примена во регионот.

На конференцијата учествуваат повеќе од 150 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни експерти, носители на одлуки, граѓански организации од земјата и регионот, научници и практичари од областа на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој и претставници од приватниот сектор.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...