Општина Кривогаштани се подготвува за дочекот на новата 2017 година и како по традиција и оваа година има организиран дочек на новата година во центарот на Кривогаштани каде што ќе настапи Балканика Бенд од 22 часот. Денес своја претстава имаа најмладите од општината кои пред своите родители се претставија со подготвени точки со што заеднички го обележаа доаѓањето на новата 2017 година. Исто така градоначалникот на општината изврши прием на дечињата на вработените на кои им додели новогодишни пакетчиња.