Home / Информации / Честитка на Градоначалникот Тони Заткоски по повод Новогодишните празници

Честитка на Градоначалникот Тони Заткоски по повод Новогодишните празници

Почитувани сограѓани,

На крајот сме од една плодна и успешна година која беше исполнета  со бројни предизвици упорна работа и многу реализирани проекти. Најголем дел од проблемите и барањата на граѓаните ги решивме успешно, зацртавме високи критериуми за урбан и достоинствен живот и неуморно работевме на нивна реализација. Сакавме секој граѓани на Општина Кривогаштани да добие современи патишта, можност за спортска и културна наобразба, брза и лесна достапност до институциите, како и најдобри услови за подигнување на семејството. Затоа асфалтиравме бројни улици, изградивме спортска сала, градинки, реконструиравме училишта, отворивме канцеларии на голем број институции од државата, го пот помогнавме стопанството во отворањето на голем број на работни места и ги развивме индустриските зони во полн капацитет, како и многу други проекти кои се од интерес на граѓаните.

 Како Градоначалник, задоволен сум со она што го сработивме во 2016 година, иако верувам дека секогаш може повеќе и подобро. Во годината што е пред нас планирам да ги заокружам тековните проекти, проектите во развојните програми, и цврсто верувам во нашиот заеднички успех.

Новата 2017 година ви посакувам да ви биде среќна и благородна. Нека таа Ви донесе многу здравје, радост и успех на секој план. . Да продолжиме сите заедно да чекориме напред, кон поуспешна и попросперитетна иднина,“

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!“

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ИЗВЕСТУВАЊЕ