Денес по повод завршувањето на предшколската подготовка на дечињата од градинаката ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ од Кривогаштани, се одржа свечена церемонија со која помалите дечиња ги испратија своите другарчиња кон нови предизвици во основното училиште.
Ова е втора генерација дечиња кои произлегоа од градинката ’’ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ стекнати со многу знаења кон своето понатамошно образование. Тие денес се поздравија со своите другарчиња и наставнички на кои се заблагодарија за пренесеното знаење со повеќе песнички.
Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски кој исто така присуствуваше на церемонијата, не го криеше своето задоволство што младите во општината имаат прилика да се образоваат и другаруваат на својата предшколска возраст за што претходните генерации немаа таква можност. Дечињата имаат прекрасни услови во градинката за непречено стекнување на нови знаења.