Активностите на археолошкиот локалитет ’’ЛОКВЕНСКО КАЛЕ’’ во општина Кривогаштани се одвиваат со несмален интензитет. Денес за време на ископувањата пронајдена е бронзена и сребрена монета со ликот на Александар Македонски, која според археолозите потекнува некаде околу 4 века п.н.е.
Според изјавата на директорот на управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчич кој е во работна посета изјави дека се работи за големо откритие. Денес во посета на локалитетот беше и градоначалникот на Општина Кривогаштани – Тони Заткоски. Археолошките ископувања ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период.