Home / Информации / СЕМИНАР ЗА ПРИМАРНА СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО КРИВОГАШТАНИ

СЕМИНАР ЗА ПРИМАРНА СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО КРИВОГАШТАНИ

Пронаоѓање на нови начини за справување и помош на лицата со посебни потреби во руралните средини. Ова беше темата на дводневната работилница која вчера и денес се одржува во Општина Кривогаштани, на која предавачи се претставници од Австрија од Центарот за истражување на социјалната и здравствената заштита од Виена, како и аташето на Австрија за социјална работа и труд.

Носител на оваа работилница беше „Локалната акциона група – Агро Лидер“ која во рамките на своите активности го доби овој грант од Басит апликацијата од Австрија која што ја спроведува Центарот за административни истражувања.

На работилницата учествуваа претставници од трите општини Кривогаштани, Долнени и Крушево.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...