Home / ИНСТИТУЦИИ (page 2)

ИНСТИТУЦИИ

НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ТППЕ КРИВОГАШТАНИ

Врз основа на одлуката донесена на Владата на РМ , Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија изврши распределување на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари, со која одлука за потребите на територијалната противпожарна единица на општина Кривогаштани  додели теренско противпожарно моторно возило марка Volkwagen модел Amarok, целосно опремено и прилагодено за потребите на противпожарната единица. Покрај ...

Read More »

ДОДЕЛЕНА ВЕСПА НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА КРИВОГАШТАНИ

Денес во просториите на ПС Кривогаштани во присуство на Директорот на бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, Началникот на СВР Битола Методија Атанасовски, Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски додели веспа за потребите на ПС Кривогаштани со што уште еднаш општината го покажа безрезервното залагање за непречено функционирање на локалните служби со континуирана заложба, безрезервна поддршка и соработка во секојдневното ...

Read More »

ПРОМЕНА НА ПОКРИВОТ НА ПП ДОМ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Денес започна отстранувањето на стариот покрив на објектот во центарот на Кривогаштани во кој се сместени Територијалната противпожарна единица, клубот на пензионери и матичната служба во општината. Досегашниот покрив беше стар и во лоша состојба кај кој при обилни врнежи доаѓаше до прокиснување и оштетување на објектот и ентериерот. Општината со инвестиција од сопствени средства од околу 300.000 денари ќе ...

Read More »

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ДОБИВА НОВ КАМИОН ЗА СМЕТ И 35 КОНТЕЈНЕРИ

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денес во просториите на претставништвото на Јапонската Амбасада во Скопје склучи договор за донација за набавка на ново возило за собирање на смет и 35 контејнери во вредност од околу 70.000 евра. Општина Кривогаштани е една од петте општини во Република Македонија која добива Јапонска помош од грантот кој изнесуваше нешто повеќе од 300.000 ...

Read More »

НОВОГОДИШНА ПРИРЕДБА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ МАНЧУ МАТАК И ОУ ЈОНЧЕ СМУГРЕСКИ

Учениците од основните училишта Јонче Смугрески од Обршани и Манчу Матак од Кривогаштани учествуваа во детскиот дел од новогодишната програма на општина Кривогаштани каде се претставија со песнички, хорско пеење, драма и ора со што приредија одлична забава за своите помали другарчиња и ги израдуваа своите родители кои присуствуваа на настанот. Двете основни училишта секоја година се вклучени во новогодишната ...

Read More »

ЗАПОЧНА ЧИСТЕЊЕTO НА КРУШЕВСКА РЕКА

Денес започна чистењето на Крушевска река на делот кој поминува низ територијата на општина Кривогаштани. Општината ја реализира оваа активност со помош од Министерството за животна средина која на општината и додели 4000 литри нафта со што се започна чистењето на речното корито на Крушевска река согласно акциониот план за чистење на речни корита. Со ова значително ќе се намали ...

Read More »

ОДРЖАН СОСТАНОК НА СОВЕТОТ НА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Денес во просториите на општината се одржа состанок на советот на безбедност при општина Кривогаштани, каде на дневен ред беше зголемувањето на безбедноста на населението, преземање на превентивни мерки и кампањи за големување на безбедноста како и безбедност во сообрајќајот. На останокот присуствуваа раководни лица од ТППЕ Кривогаштани , ЈП Пелагонија Кривогаштани , ПС Кривогаштани , СВР Прилеп и други ...

Read More »

ОДРЖАНА ТРИБИНА НА УЈП ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ

Денес во просториите на Клубот на пензионери во Кривогаштани се одржа јавна трибина за паушално оданочување на земјоделците и поднесување на даночни пријави за остварен земјоделски приход во 2015 година што претставува законска обврска чиј рок за поднесување на пријави трае до 31.01.2016 година. Жителите на општината беа запознаени со законските обврски и истите имаа можност да постават прашања и ...

Read More »

ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

На почетокот на идната недела и официјално ќе започне со работа итната медицинска помош во општина Кривогаштани. Општината за прв пат добива итна медицинска помош на својата територија, во објектот кој е во склоп на амбулантата во Кривогаштани кој е целосно преуреден и реновиран за потребите на брзата помош. За почеток ќе работат два тима почнувајќи од 20 до 8 ...

Read More »