Home / ИНСТИТУЦИИ / ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

На почетокот на идната недела и официјално ќе започне со работа итната медицинска помош во општина Кривогаштани. Општината за прв пат добива итна медицинска помош на својата територија, во објектот кој е во склоп на амбулантата во Кривогаштани кој е целосно преуреден и реновиран за потребите на брзата помош. За почеток ќе работат два тима почнувајќи од 20 до 8 часот наутро додека започнувањето со целодневна работа се очекува за краток временски период. Со овај проект граѓаните на општината и жителите на соседните населени места од другите општини добиваат огромен бенефит за своето здравје.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...