Home / ПАТИШТА И УЛИЦИ / Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот за Реконструкција на дел од улица 4 и улица 14,село Крушеани со должина од 341,0м, Општина Кривогаштани пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Кривогаштани ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.

Механизам за жалби и поплаки

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот

 

About Krsteska Daniela

x

Check Also

СВЕЧЕНО ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ И КРИВОГАШТАНИ

Во присуство на жителита на населеното место Врбјани , градоначалникот на општина ...