Home / КУЛТУРА / КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА/ТВОРБИ ОД РЕЦИКЛИРАЧКИ ОТПАД 2019 г.

КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА/ТВОРБИ ОД РЕЦИКЛИРАЧКИ ОТПАД 2019 г.

По 5ти пат општина Кривогаштани, Крушево и подрачното училиште ООУ„Страшо Пинџур“с.Мало Коњари во соработка со МЦМС го распишува конкурсот за изработка на уметнички дела и творби од рециклирани материјали. Конкурост служи за мотивирање на децата и индиректно на нивните родители за повторно искористување и рециклирање на материјалите кои ги употребуваат во тутунопроизводството (ПВЦ фолија/најлон, пластика, остатоци од скелиња, конец, саргии, заштитни одела, нараквици, картони, кукачки и сл.) како  и вклучувањето и на нетутунски материјали (хартија, метални предмети и сл). Покрај уметнички творби децата за прв пат ќе може да се натпреваруваат во спортски игри со предмети изработени од рециклирани материјали, и во натпревар за креирање на иновативни дела поврзани со тунопроизводството. 
Право на учество на Конкурсот за изработка на уметнички дела/творби од рециклирачки отпад имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, во тимови/групи од по 5 до 7 ученици кои се ученици во општинските основните училишта ООУ„Манчу Матак“ Кривогаштани, ООУ„Јонче Смугрески“ Обршани на територијата на Општина Кривогаштани, ООУ„Страшо Пинџур“ Мало Коњари од општина Прилеп и ООУ„Никола Карев“ од општина Крушево.
плакат

 

x

Check Also

Повик за млади од руралните средини за учество и обуки во проектот „Пелагонискиот регион FAST FORWARD„

Повикот за млади за учество на обуки кои ќе се реализираат во ...