Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с.Подвис кон с.Годивле, Општина Кривогаштани е успешно локализиран. Гореше ниска дабова шума, сува трева и стрниште.
Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани успешно интервенираа со помош на работници од ШС Липа од Крушево и пожарникари од ТППЕ Крушево.
Со ваквата интервенција пожарот беше ставен под контрола и спречен да се прошири на уште поголема површина бидејќи веќе зафатената површина изнесуваше околу 100 хектари.
Пожарникарите околу 40 часа се бореа со огнената стихија што речиси стигна до куќите во селото, а ситуацијата беше доста алармантна.