Традицијата која се негува со години и оваа година заврши во најдобар ред со изиграни околку 70 натпревари во приближно 25 денови.
Рекордниот награден фонд на кој општината го имаше главното покровителство, привлече голем број на фудбалери да бидат дел од овогодинешното издание на кривогаштанскиот турнир. Натпреварувачкиот дух на учесниците им направи добра забава на гледачите при што се реализира успешен турнир.
Екипата на Центар Бела Црква го освои првото место на турнирот победувајќи ја екипата на Мотив Дизајн со 2-0 со што освои 120.000 денари, додека екипата на Мотив Дизајн заработи 60.000 денари. Во малото финале за 3 место борбата се одвиваше помеѓу екипите на Бучин и Мариго каде поуспешна беше екипата Мариго со 3-2 со што освои 30.000 денари, додека екипата на Бучин го освои четвртото место и освои 10 000 денари.
Градоначалникот на општината Рубинчо Шефтероски им ги додели пехарите на трите првопласирани екипи. Индивидуалните награди ги понесоа Влатко Тошески од екипата Центар Бела Црква за најдобар играч на турнирот и Леонид Бозароски за најдобар голман од екипата Гурмано.
Изразуваме благодарност до сите овогодинешни учесници на турнирот и со желба за уште една успешна организација, догодина се гледаме на истото место.