Home / ИНСТИТУЦИИ / СО РАКАТКИТЕ И ПРЕГРАТКИТЕ НА ТУТУНАРИТЕ

СО РАКАТКИТЕ И ПРЕГРАТКИТЕ НА ТУТУНАРИТЕ

Комисијата формирана од членови на основните училишта, општинската администрација и МЦМС денес извршија отценување на делата кои конкурираа на  конкурсот за изработка на уметнички дела /творби од рециклирачки отпад на тема ,,СО РАКАТКИТЕ И ПРЕГРАТКИТЕ НА ТУТУНАРИТЕ“ кој што го објави Општина Кривогаштани во соработка со МЦМС а беше наменет за учениците од двете основни училишта во општината.

DSC01288

Со конкурсот предвидени се следниве категории на награди:

I , II и III место за деца од 1 до 3 одделение (групна награда на тим од 5 до 7 ученици) – Прва група

I , II и III место за деца од 4 до 6 одделение (групна награда на тим од 5 до 7 ученици) – Втора група

I , II и III место за деца од 7 до 9 одделение (групна награда на тим од 5 до 7 ученици) – Трета Група

DSC01271

На 15-ти Декември годинава во просториите на ОУ Манчу Матак  во Кривогаштани ќе се одржи коктел на кој ќе присуствуваат претставници на сите тутунски компании кои дејствуваат во општината на која средба ќе бидат објавени и победниците на конкурсот.

DSC01283

x

Check Also

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавен увид на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична електрана во КО Обршани

Соопштение за увид 1А Урбанистички проект ГП 1.А Соопштение за увид 1 ...