Home / Информации / Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите од градинките

Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите од градинките

Денес  Градоначалникот Тони Заткоски беше во посета на Центарот за ран детски развој ЈАГОТКА во населеното место Обршани, каде им подели новогодишни пакетчиња на најмалите дечиња кои го посетуваат центарот. Дечињата за прв пат од отворањето на Центарот имаа сопствена приредба каде се претставија со пригодна програма. Градоначалникот освен новогодишните пакетчиња на децата им подари едукативни играчки донација од ресторан Бигор од село Вруток, кои дополнително ќе придонесат за развој на физичките и менталните способности на децата. Најмалите заедно со своите родители, покрај приредбата имаа подготвено и новогодишни  изработки како и пригодни подароци за Градоначалникот.

dsc05275

Исто така  Градоначалникот ја посети градинката Весело Штркче каде заедно со Дедо Мраз им доделија новогодишни пакетчиња на дечињата. Децата имаа подготвено пригодна новогодишна програма каде се претставија со песнички за Новата година.dsc05268

Градоначалникот во својот говор кажа дека се продолжуваме со проекти за подобрување на квалитетот на работата во образованието во сите населени места, посебно внимание секогаш им се посветува на најмалите, и на сите присутни им ја честита Новата година посакувајќи им многу здравје и безгрижно детство.dsc05196dsc05275 dsc05278 dsc05349 dsc05362

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ИЗВЕСТУВАЊЕ