Новогодишните празнувања допрва претстојат а дечињата кои го посетуваат дневниот центар за ран детски развој „Јагодка“ во населеното место Обршани, се подготвуваат да ги изненадат своите најблиски за новата година. За да биде нивното задоволство поголемо екипата на Канал Визија им подари новогодишна елка, а дечињата се потрудија сами да ја декорираат.
Малите дечиња најмногу се радуваат за нова година а атмосферата не може да биде целосна без една новогодишна елка. Затоа ние од Канал Визија на дечињата од дневниот центар „Јагодка“ им подаривме една новогодишна елка. И се надеваме дека деќињата со нивната креативност и со малите рачиња ќе ја направат оваа елка уште по убава – рече управителот на Канал Визија Рубин Крстески.
Со песнички испеани за Новата година со многу желби за Дедо Мараз и со многу задоволни лица дечињата од дневниот центар ја испратија екипата од Канал Визија подарувајќи им честитка и рачно изработена елка која ќе ги краси работните простории во телевизијата и ќе биде потсетник за убавите моменти помината со дечињата.