Граѓанска организација која се залага за промени и решавање на општествените предизвици, за придобивки на маргинализираните групи и на групите во понеповолна општествена положба, МЦМС изврши избор на нови членови на Советот, за периодот 2016-2020 година. Во советот беа избрани 19 членови од различни области, меѓу кој и двајца градоначалници од цела Македонија, а еден од градоначалниците е и Градоначалникот на Општина Кривогаштани г-дин Тони Заткоски.
МЦМС како невладина организација ја јакнее визијата за мир, хармонија и просперитет, темелејќи се на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото и рамномерен и одржлив развој.