Општина Кривогаштани продолжува со реализација на проектите од програмата. Општината започна да го реализира грантот во висина од 26 000 евра од Министерство за финанси, во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги финансиран од страна на ЕУ. На 22.12.2016 (четврток) во Општина Кривогаштани е потпишан договор со фирмата БВ Инженеринг Битола за реализација на проектите:
• Реконструкција и адаптација на општинската зграда
• изградба на зелен пазар Кривогаштани
• И инсталација на енергетски ефикасни светилки на територијата на Општина Кривогаштани
Рок на изведба е на овие проекти е 8 месеци.