Денес во општина Кривогаштани најмладата публика имаше можност да го проследи перформансот “Девојчето со долгата коса” во изведба на Стефанија. Перформансот се реализира во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија. Оваа манифестација е дел од проектот: “Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Нормандија и Република Македонија од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Регионалните денови на културата во Пелагонија е културна манифестација програмски уредена и координирана од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион во соработка со Мрежата за културен развој на Пелагонискиот регион и општините од Пелагонискиот регион. За реализацијата на овогодинешните 4-ти по ред Регионални денови на културата во Пелагонија се креира нов културен производ кој ќе биде претставен во сите Пелагониски општини.
Целта на оваа културна манифестација е да се прошири културната понуда во Пелагонискиот регион и да се доближи на културата непосредно до сите жители во сите пелагониски општини.