Home / Информации / „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“

„Ден на дрвото, засади ја својата иднина“

 Денес како на ниво на Република Македонија така и во Општина Кривогаштани се одбележа „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“. И Градоначалникот Тони Заткоски заедно со администрацијата беа на терен и засадија дрва. Градоначалникот кажа дека ова е многу благородна акција бидејќи придонесува за заштита на животната средина и за збогатување на шумскиот фонд на државата.

Во Македонија денеска, според најавите на организаторите, ќе бидат засадени 2 милиона и 600 илјади садници на 556 хектари во рамките на акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“.

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов,  поттикнува проект за масовно засадување на голите и опустошените планини. Незаборавна е изјавата на уметникот дека „Не сме само ние жители на Планетета, и шумите се жители како и ние“.

Сите акции се безрезервно поддржани од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините, и ЈП „Македонски шуми“.

23 24 26

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Се реновира мултифункционалната сала во Кривогаштани

Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група Ѓорѓи Колозов, ...